Транзицијата кон пазарната економија и почетокот на неолибералниот проект во кој акумулацијата и максимизацијата на профитите беше правопропорционално поставена со девалвирањето на трудот значеше дека голем број на работнички права кои беа гарантирани и заштитени во претходниот социо-економски систем, ќе доживеат огромно потиснување, девалуирање и само номинално ќе фигурираат во законодавството. Трката по создавање на погодна бизнис клима и зголемена економска компетитивност и покрај сите свои ветувања за подобрување на положбата на работникот, доведе до создавање на една мала група транзициски добитници поставена наспроти армијата на отпуштени и обесправени работници.