Студијава дава оценка на политиките за привлекување на странски директни инвестиции кои се применуваа во Македонија во периодот 2007-2015 година. Составена е од два дела. Првиот дел дава преглед на движењето на странските инвестиции во Македонија во овој период, се осврнува на политиките за привлекување и поддршка на странските инвестиции кои беа применувани, и прави обид да ги процени директните трошоци и ефекти на овие политики.